Ракомет
СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ВО РАКОМЕТ ЗА ЖЕНИ ЈАПОНИЈА 2019

Холанѓанките ја декласираа Србија

5. декември 2019 - 17:13 | Ф.З.

Изненадување на женскиот ракометен Мундијал се случи на денешните натпревари каде Холандија со дури 13 разлика славеше над Србија.

Денеска на програмата беа натпревари од групите А и Д од 4-тото претпоследно коло.

Група А

Отккао тесно загубија од фаворитот Норвешка, Србинките очекуваа победа над Холандија. Но, Холанѓанките се покажаа како повеќе од достоен противник и уште во првото полувреме направија разлика од осум гола која до крајот само ја зголемуваа за конечен триумф од 36:23. Најефикасна беше Еставана Полман со 8 голови. Со оваа победа Холандија обезбеди место во наредната фаза.

Словенките се рехабилитираа со победа над Куба и се вратија во игра за пласман понатаму. Во последното коло во директен дуел со Србија ќе решаваат која репрезентација ќе им се придружи на Норвешка и Холандија.

Куба - Словенија 26:39
Србија - Холандија 23:36
Норвешка - Ангола 30:24

Табела:
1. Норвешка 8
2. Холандија 6

3. Србија 4

4. Словенија 4
5. Ангола 2
6. Куба 0

Група Д

Швеѓанките остварија планирана победа над Аргентина и ѝ се прудружија на Русија како сигурен патник во наредната фаза.

Домаќинот Јапонија загуби од Русија, но со победа во последното коло против Кина ќе се избори за третото место и пласман понатаму.

Во дербито на отпишаните, Конгоанките со еден гол разлика ја совладаа Кина и ги запишаа првите бодови. Кина водеѓе скоро цел натпревар, а при 22:21 Конго дојде до израмнување и потоа го презема водството.

Конго ДР - Кина 25:24
Јапонија - Русија 23:33
Шведска - Аргентина 30:23

Табела:
1. Русија 8
2. Шведска 8

3. Јапонија 4

4. Аргентина 2
5. Конго ДР 2
6. Кина 0

Коментирај