Филм & ТВ

Холивуд веќе подготвува филм за тајландската драма?

11. јули 2018 - 9:39 | М.Д.

Откако акцијата за спасување на заглавените деца во тајландската пештера Там Луанг доби среќен крај, од Холивуд веќе почнаа да кројат планови за екранизација на оваа драма.

Двајца американски продуценти веќе стигнаа на местото на несреќата, а како што пренесуваат тамошните медиуми, започнати се и преговори околу евентуално снимање на филм, кој ќе се базира на патешествието на децата и нивниот тренер во тајландската пештера.

Мајкл Скот и Адам Смит од една американска филмска компанија, веќе се во Там Луанг и водат преговори за создавање на филмски проект, пренесува „BBC“.

Запрашани од новинарите, дали она што го прават е можеби безчувствително, Смит одговори дека набргу ќе се појават други продукциски куќи, на кои исто така ќе им биде интересна оваа приказна, па поради тоа тие мораат брзо да реагираат.

Засега не е познато дали ќе има филм или не, но ако преговорите поминат успешно, наскоро би можеле да видиме уште еден филм на Холивуд, кој се однесува на вистинска животна приказна.

Коментирај