Авто новости

Honda го претстави лимитираното издание на Civic Type R

20. февруари 2020 - 10:54 | М.С.

Honda ќе го нуди ова лимитирано издание само во жолта боја.

Од Honda настојуваат да се вратат на тронот во категоријата на продукциски автомобили со преден погон бидејќи на стазата Нирбургринг првото место им го украде најбрзиот Renault Megane R.S. Trophy-R.

Со цел да ја поминат стазата за помалку од седум минути и 40 секунди, Јапонците се одлучија за лимитираното издание на Civic Type R на кој му ставија полесни BBS-фелги, го намалија нивото на звучна изолација, го отстранија задниот брисач и системот за проветрување на задните седишта.

Олеснетиот Civic на европските купувачи ќе се нуди без клима уред и мултимедијален систем.

Автомобилот поседува дволитарски четирицилиндричен турбо дизел мотор кој развива 320 коњски сили и 400 Nm максимален вртежен момент, а од 0 до 100 стигнува за 5,8 секунди и развива повеќе од 270 км/ч.

Коментирај