Honda го претстави новиот HR-V
Honda го претстави новиот HR-V за европскиот пазар со хибриден погон.
Јапонскиот произведувач во февруари ги објави првите фотографии од новата генерација на моделот HR-V, a сега имаме можност да дознаеме повеќе информации за моделот кој ќе се продава во Европа.
Новата генерација ја карактеризира потполно изменет дизајн во однос на актуелната верзија. На предниот дел доминира големата маска за ладилникот.
Автомобилот пристигнува со поголем инфо-забавен систем со дијагонала од 9 инчи.
Под хаубата се наоѓа 4-цилиндричен 1,5-литарски i-VTEC турбо бензин мотор на кој му асистираат два електрични мотори при што развива 131 КС и 253 Nm максимален вртежен момент.
Продажбата ќе започне во втората половина на 2021, а цената сè уште не е позната.