Honda го враќа во живот моделот Prelude

Сè уште како концептен модел, Prelude ќе го има своето јавно деби на Фестивалот на брзината во Гудвуд, кој започнува на 11 јули.

Со концептот што Honda го претстави минатата есен на Саемот за автомобили во Токио, дојдоа првите најави дека Coupé-то, кое се крие зад долгогодишното име Prelude, може да претставува продолжение на приказната што Honda ја започна во 1978 година, а заврши во 2001 година кога запре производството на петтата генерација на моделот Prelude.

Првите информации од Токио сугерираа дека шестата генерација на Prelude ќе се придвижува само со електромотор(и). Работите во меѓувреме се сменија, бидејќи Honda сега вели дека серискиот Prelude ќе биде придвижуван од хибриден погон чија спецификација засега останува непозната.

Coupé-то на Honda ќе им биде понудено на клиентите во Европа, а јасно затемнетите стакла на црвениот претпродукциски концепт што ќе биде изложен на претстојниот Фестивал на брзината во Гудвуд потврдуваат дека Хонда сè уште не е подготвена да ја открие внатрешноста на автомобилот, за која веќе нагласија дека со планираниот хибриден погон и перформансите нема да ги следат стапките на најмоќниот Civic (Type R), иако карбонските додатоци за каросеријата и црвените клешти на сопирачките (Brembo) зад црните 20-инчни бандажи сугерираат поинаку.

Сериското издание на четириседот се очекува „во средината на деценијата“, а треба да почекаме и да дознаеме дали шестиот Prelude во суштина ќе биде Civic со две врати, придвижуван од комбинација на електричен мотор и 2-литарски 4-цилиндричен атмосферски мотор со 200 коњи.

Тагови
реклама

Објавата на Трамп за разговорот со Путин менува сè, Европа во шок

Read more

Саем на мебел 2025: Инспирација за секој дом од 26 до 30 март во Скопје

Read more

Европа и сојузниците на Киев бесни поради потегот на Трамп: Ова е изневерување и предавство

Read more

Како честото консумирање индиски ореви влијае на телото?

Read more

Концепти

Како звучи V16 моторот на Bugatti Tourbillon?

Read more

Jaguar XJ220 доби модерно преуредување

Read more

Toyota има интересен RAV4, но е само концепт

Read more

Renault Estafette Concept е компактно и пространо електрично комбе за урбана употреба

Read more
 

Автомобили

  • play_arrow

Како звучи V16 моторот на Bugatti Tourbillon?

Читај повеќе

Уникатниот Pagani Huayra е инспириран од Пацификот

Читај повеќе

Колку кинеските производители треба да ги намалат цените за да бидат конкурентни во Европа?

Читај повеќе

Совршеното Ferrari F40 чини 3,5 милиони долари

Читај повеќе

По 50 години пристигнува наследникот на Lada Niva

Читај повеќе

Грција сака да ја забрани продажбата на гориво на мотоциклистите што не носат кацига

Читај повеќе

Citroën 2CV би можел да се врати како ретро градски автомобил

Читај повеќе

Porsche 912c Targa на KAMM е полесен од Smart ForTwo

Читај повеќе

Audi 80: Дискретниот предок на Audi A4 спасен од Volkswagen

Читај повеќе