Јапонскиот произведувач минатата година ја претстави претпродукциската верзија, а сега може да видиме како изгледа серискиот модел.
Civic Sedan не е толку популарен во Европа, но затоа е најомилен на Американците.
Honda одлучи 11. генерација да има поконвенционален дизајн за да привлечат повеќе купувачи.
Објавената фотографија го открива изгледот на моделот кој ќе се произведува во Северна Америка, а засега не е познато дали ќе произведуваат модел кој ќе биде наменет за европскиот пазар.
Премиерата на овој автомобил е закажана за крајот на април.