Honda на меѓународниот саем за електроника CES 2017 во Лас Вегас, претстави модел кој самиот ја одржува рамнотежата без помош од возачот.
Јапонската компанија го конструираше овој концепт користејќи ја најновата Riding Assist технологија која е наменета пред се за подобрување на стабилноста на мотоциклот во моментите кога не се движи.
Во Honda објаснуваат дека место употребата на тешки жироскопски механизми, ја преземале технологијата од концептот UNI-CUB, кој претставува нивниот одговор на Segway.
Погледнете како изгледа во пракса овој концепт.
[jw: https://www.youtube.com/watch?v=VH60-R8MOKo]