Свет

Хонгконг врие: Водени топови, цигли и Молотови коктели

17. септември 2019 - 9:07 | А.С.

Десетици луѓе беа повредени завчера во уште една ноќ исполнета со насилство на протестите во Хонгконг, што беше петнаесетти последователен викенд со протести.

Илјадници луѓе повторно излегоа на мирните, иако неодобрени, протести пред владините згради и побараа од Владата да одговори на петте барања на демонстрантите. Ситуацијата за кратко време стана насилна и радикални демонстранти почнаа да фрлаат цигли и Молотови коктели кон полициските кордони.

Полицијата реагираше со водени топови и солзавец измешан со сина боја, обележувајќи ги демонстрантите за да може полесно да ги апсат подоцна.

Ова дополнително ги налути демонстрантите и почнаа брканица со полицијата низ градот, играјќи си „мачка и глушец“, попатно демолирајќи метро станици.

Светските медиуми пишуваат дека протестите се намалиле во обем, но на сметка на тоа станале понасилни, а учесниците поизбувливи.

Коментирај