Кошарка

Хорор повредата на Нуркиќ ја засени победата на Портланд

26. март 2019 - 10:47 | К.З.

Синоќа босанскиот центар Јусуф Нуркиќ ја имаше најдобрата и најлошата вечер во неговата професионална кариера. Тој постигна 32 поени (рекорд во кариерата), пред да биде изнесен на носилки откако доживеа страшна скршеница на ногата.

Портланд го доби мечот против Бруклин Нетс по две продолженија, но публиката не се радуваше на победа во која го загуби стартниот центар на тимот, Јусуф Нуркиќ. Конечниот резултат беше 148:144, а пред да го напушти мечот, Нуркиќ беше најдобриот поединец на неговиот тим.

На само еден месец пред почетокот на плејоф разврската, Јусуф Нуркиќ претрпе тешка скршеница на ногата која значи крај на неговата сезона. Тој го играше најдобриот период од досегашната професионална кариера, а тоа го покажуваат и бројките од 15,4 поени, 10,3 скока и 1,4 блокади во просек по натпревар.

Внимание: Содржината може да ве вознемири.

Додека Нуркиќ лежеше на носилките, публиката стана да го поздрави за неговиот херојски перформанс, кој беше најголем фактор во победата на Трејл Блејзерс.

Кај гостинскиот тим најдобар поединец беше Дианџело Расел, кој вечерта ја заврши со 39 поени, 9 скока и 8 асистенции. Спенсер Динвиди од клупата постигна 22 поени, додека Карис Леверт, кој на почетокот на оваа сезона исто така доживеа тешка повреда на ногата, го продолжи успешниот камбек со 16 поени и 7 асистенции.

Останати резултати:

Орландо Меџик – Филаделфија Севентисиксерс 119:98

Мемфис Гризлис – Оклахома Сити Тандер 115:103

Јута Џез – Феникс Санс 125:92

Коментирај