Живот

Хороскопски знаци кои секогаш се подготвени за кавга

17. октомври 2019 - 15:29 | М.С.

Пред некои луѓе треба да внимавате што зборувате, затоа што лесно се навредливи и не прифаќаат шеги на нивна сметка.

Овие хороскопски знаци ќе најдат причина за да се навредат и секогаш се подготвени за кавга. Опседнати се со мислењето на другите што произлегува од нивната несигурност и нарцизам.

Скорпија

Доволно се самокритични, па уште ако им упатите некоја критика, ќе додадете бензин на огнот. 

Премногу размислуваат за секоја секојдневна ситуација, а тоа понекогаш ги води во погрешна насока. 

Внимавајте како се шегувате во нивно друштво, затоа што погрешно ќе ја сфатат шегата и ќе се налутат.

Јарец

За сè што ќе им се случи, сметаат дека самите се виновни. На пример, ако нивниот колега прв добие унапредување, ќе паднат во депресија и ќе сметаат дека се неуспешни. 

Нивниот најголем проблем е што постојано бараат одобрување од другите.

Коментирај