Живот

Хороскопски знаци со кои е најтешко да излезете на крај

24. мај 2019 - 13:59 | Б.С.Б.

Иако сите имаме мани и недостатоци, со некои луѓе понекогаш е невозможно да излезете на крај. Во хороскопот, овие знаци важат за најнапорни и дефинитивно најтешки за трпење.

Вага

Вагите се друштвени, но знаат да бидат и напорни кога сакаат да ја постигнат зацртаната цел. Сакаат да бидат доминантни, но поради лошата самодоверба, тоа не им поаѓа од рака па другите ги обвинуваат за нивните мани.

Рак

Иако се многу емотивни и грижливи, Раковите понекогаш имаат страшни промени на расположението и тогаш тешко некој да ги истрпи. Кога ќе ги фати параноја склони се на напади од бес и тага, а тоа знае да биде прилично исцрпувачки.

Риби

Исто како и Раковите, Рибите имаат променливо расположение. Ако ги критикувате, ќе ве излудат со претераната емотивност и лесната навредливост, дури и за најмала ситница.

Овен

Нивната потреба за постојана доминација знае да биде тешка. Ако не се во центарот на вниманието склони се на драматизација и манипулирање за што поскоро да го свртат вниманието кон нив. Многу се егоистични и црпат многу енергија.

Коментирај