Здравје

Храна за која сте мислеле дека е здрава, а всушност не е

22. април 2018 - 11:34 | М.Д.

Магазинот „Muscle and fitness“, ја открива најголемата тајна на прехранбената индустрија: Многу таканаречени здрави видови на храна, не се ништо подобри од своите „нездрави“ алтернативи.

Причина за тоа е што некои од нив содржат малку хранливи вредности, додека некои содржат дури штетни хемикалии.

На пример, на лебот кој пишува дека е направен од интегрално зрно може да содржи дури 70 отсто рафинирано брашно.

Житарици

Поголемиот број од Американците, дури 31 отсто од нив,  го почнуваат утрото на ист начин: Со чинија полна со житарици и млеко. Меѓутоа, многу житарици не се хранливи, дури и ако се означени како здрави. Затоа добро посветете внимание на количината на шеќери која ја содржат.

Млеко со низок процент маснотии

Иако овој вид на храна има помалку калории, млекото кое има висок процент на масти има повеќе заситени и мононезаситени масти, кои ви даваат подолго чувство на ситост. Уште една причина повеќе да пиете полномасно млеко е тоа што во млекото со низок степен на маснотии се додава млеко во прав, со цел да биде што послично на полномасното млеко.

Спортски пијалаци

Истражување на универзитетот Оксофорд откри дека не постојат докази кои би потврдиле дека спортските пијалаци навистина помагаат во подобро изведување на вежби, бидејќи половина од компаниите кои произведуваат спортски пијалаци не понудиле доволно докази за своите тврдења дека тие се здрави.

На оваа листа треба да им се додадат уште и соковите богати со шеќери и сушеното овошје.

Коментирај