Здравје

Храната богата со риба ја зголемува интелигенцијата на децата

12. јануари 2018 - 13:19 | М.Д.

Децата кои јадат риба барем еднаш неделно спијат подобро и на тестот за интелигенција добиваат во просек четири поени повеќе во однос на децата кои не јадат риба или јадат само понекогаш, покажува ново истражување на научници од Универзитетот во Пенсилванија.

Во истражувањето во кое учествувале 540 деца, заклучено е дека сите деца кои јадат риба еднаш неделно на тестот за интелигенција оствариле 4.8 поени повеќе од оние кои се изјасниле дека никогаш или ретко консумираат риба.

Оние деца во чии оброци понекогаш влегувала рибата забележале 3.3 поени поени повеќе на тестот за интелигенција.

Покрај тоа, зголемената консумација на риба била поврзана и со помали пореметувања во спиењето.

Експертите порачуваат дека постојат се повеќе докази за тоа дека исхраната богата со риба е добра за здравјето, односно сметаат дека треба повеќе да се нагласува и промовира.

Исто така, родителите се советуваат да ги запознаат децата со оваа храна што порано, веќе околу втората година од животот.

Коментирај