Регион

Хрватскиот претседател во инаугурацискиот говор ја парафразираше „EKV“

18. февруари 2020 - 19:23 | МИА / КАЈГАНА

Зоран Милановиќ денеска положи заклетва и стана петтиот претседател на Хрватска. Тој при инаугурацијата парафразираше песна од култната белградска група „Ekatarina Velika“ (EKV), објавија хрватските медиуми.

– Оваа е куќа за нас. За сите нас. За нас кои сме тука, за генерациите кои доаѓаат и за оние кои доаѓаат и за тие кои ќе се вратат во својата куќа, истакна Милановиќ.

Хрватскиот портал Index истакнува дека реченицата „оваа е куќа за нас“ е стих од песната „Zemlja“ на EKV која се најде во албумот „Ljubav“ од 1987 година.

Песната „Zemlja“ на EKV почнува со стиховите „Ovo je zemlja za nas, ovo je zemlja za sve naše ljude, ovo je kuća za nas, ovo je kuća za svu našu decu“...

Хрватските аналитичари говорот на Милановиќ го оценија како соодветен и балансиран.

Аналитичарот Давор Џенеро на прашањето дали Милановиќ употребил израз од песна на српска рок група, тој наведе дека не е невообичаено претседател да зборува со модерен јазик. Според него Милановиќ испратил порака и надвор од Хрватска.

– Треба да се знае дека ова инаугурација се следи со повеќе внимание во Белград отколку во Хрватска. Милановиќ испрати порака до граѓаните на Србија дека тоа што го мисли за Вучиќ не се однесува на државата Србија и нејзините државјани, посочи Џенеро за Jutanji list.

Коментирај