HTC „случајно“ го откри новиот модел U12 Plus

Вчера на официјалниот вебсајт на HTC накратко се појавија детали за веќе најавениот U12 Plus, кој би требало да биде новиот флегшип телефон на оваа компанија. Многу кратко потоа овие податоци беа тргнати, но Роланд Куандт успеа да ги сочува пред да бидат изгубени.

Цената на U12 Plus ќе биде околу 920 долари, со што јасно се дава до знаење дека ова нема да биде телефон кој ќе биде достапен за секого.

HTC U12 Plus доаѓа со импресивни 6GB RAM и внатрешна меморија од 128GB, а значително е да се напомене дека тој, за разлика од многу други смартфони кои излегуваат периодов, нема да го има популарниот notch.

Покрај тоа, HTC се одлучи да не оди со OLED екран, туку наместо тоа овој телефон има вграден 6-инчен WQHD+ Super LCD6 екран со резолуција од 1440 х 2880 пиксели. U12 Plus ќе има и Boomsound звучници, IP68 заштита од вода и прашина, microSD слот за надградба на меморијата до 2TB, батерија со 3.500 mAh, како и Snapdragon 845 процесор во срцето на телефонот.

Официјалното лансирање на HTC U12 Plus треба да се случи утре, но по протекот на толку многу информации, тешко дека ќе дознаеме нешто повеќе кое би нѐ зачудило.

Јасно е дека се работи за телефон кој нема да биде дел од „буџетските телефони“ кои дозволуваат да се заштеди на нив, туку ова е телефон од високата класа. Тој би требало да им биде конкуренција на модели како iPhone X, Samsung Galaxy S9 и Huawei P20 Pro.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Мобилни

Како да го изберете вистинскиот паметен телефон за вас?

Read more

Vivo ја претстави новата X Fold3 серија смартфони

Read more

Xiaomi Civi 4 Pro е првиот смартфон со Snapdragon 8s Gen3 процесор

Read more

Како да си ги вратите фотографиите што случајно сте ги избришале од телефонот?

Read more
 

Гик

Астронаутите ќе однесат растенија на Месечината во 2026 година

Читај повеќе

Како да го изберете вистинскиот паметен телефон за вас?

Читај повеќе

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Читај повеќе

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Читај повеќе

Климатските промени ја забавија ротацијата на Земјата

Читај повеќе

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Читај повеќе
  • filter

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Читај повеќе

Драмата продолжува: TikTok под истрага, ѝ се заканува тужба

Читај повеќе