Huawei ги претстави долго очекуваните модели P20 и P20 Pro

Групацијата Huawei Consumer Bussines Group денеска во Париз ги претстави долго очекуваните модели Huawei P20 и Huawei P20 Pro.

Pro е првиот телефон со тројна Leica камера, а вата модели имаат досега невидени карактеристики на вештачка интелигенција и се комбинација на технологијата и уметноста, овозможувајќи ненадминливо искуство во користењето смартфони.

„Инспирацијата за постојано напредување во поглед на дизајнот и иновацијата секогаш ја бараме во уметноста“, рече извршниот директор на компанијата Ричард Ју.

„Серијата HUAWEI P20 беше создадена на основа на успешна соработка со компанијата Leica. Со првата досега тројна камера на моделот HUAWEI P20 Pro, подобрената двојна камера на моделот HUAWEI P20 и моќната вештачка интелигенција на двата уреди, дури и најпребирливите корисници на денешницата може да ја ги забележат и да ги споделат ите убавини на светот што ги опкружуваат.“

Серијата HUAWEI P20 содржи напреден интелигентен систем на камери што на корисниците им овозможува унапредување на сите аспекти на паметното фотографирање, како поголем прием на светлина и повеќе детали за поубава фотографија, благодарение на револуционерната тројна камера Leica и петкратниот хибриден зум на моделот HUAWEI P20 Pro и двојната камера Leica на моделот HUAWEI P20.

Двата модели се направени во целосно нови бои  - Twilight и Pink Gold. Предната страна на новите уреди ја сочинува HUAWEI FullView дисплеј од 5,8 инчи кај моделот HUAWEI P20 и 6,1 инчи кај HUAWEI P20 Pro, со заоблени рабови за удобно држење и користење на телефонот со ултратенка рамка.

HUAWEI P20 Pro има тројна Leica камера со најмногу пикслеи од сите смартфони на пазарот, камера што поддржува 40MP RGB сензор, 20MP монохром сензор и 8MP сензор со телеобјектив, како и леќа со сензор за температура на бојата, за уште подобра репродукција.

И двата телефони нудат конструкција од метал и стакло - рамката е алуминиумска, а врз двете страни има панели од „Горила Глас 5“. Сепак телефоните не нудат можност за безжично полнење, а за снабдување со енергија треба да се потпрете на технологијата за брзо полнење на Хуавеи (4.5В / 5A).

P2o про е водоотпорен, но П20 обезбедува само рејтинг ИП53. Вториот значи дека е отпорен на прав и може да се справи со прскање, но не може да биде потопен во вода. Инаку и двата телефони го користат познатиот 8-јадрен чипсет „Кирин 970“, кој има посебен блок за забрзување на задачите со вештачка интелигенција (ВИ).

Во однос на вградената меморија откриваме 128GB без можност за зголемување, а при оперативната меморија P20 Pro има предност со 6GB наспроти 4GB за P20. Поголемиот телефон обезбедува батерија со капацитет од 4.000 милиампер часови, а во помалиот уред батеријата е 3.400 милиампер часови.

Како што беше потврдено, и двата уреди нудат сензор за отпечатоци, поставен на предниот панел кој може да се користи за навигација во интерфејсот слично на P10 - така се ослободува лентата на дното на екранот. И двата телефони нудат дисплеј со резолуција 2240х1080 пиксели и сооднос 18,7: 9, кој е исечен во горниот дел за обезбедување на место за гласовниот асистент, сензор за близина и предна камера со резолуција 24МР (ф / 2.0), која има поголеми пиксели. Huawei P20 користи ЛЦД панел со РГБВ пикселен распоред и дијагонала 5,8-инчи, а при П20 Про откриваме OЛЕД дисплеј со дијагонала 6,1-инчи, но и двата го заземаат поголемиот дел од предната страна, со што се потврдува новиот тренд кај смартфоните.

Инаку апликацијата за контрола на камерата има добиено нов интерфејс кој нуди можност за префрлување помеѓу одделните режими преку лизгање на прстот на екранот (слично на Galaxy S9). Додаден е и нов 4Д предиктивен фокус со вештачка интелигенција кој ги следи објектите во кадарот и задржува фокус врз нив, а освен тоа телефоните можат да фотографираат 720п видео со 960 фрејмови во секунда, но со овој сензор е можно и при намалена осветленост (за разлика од имплементираните решенија во Сони и Самсунг телефоните).

Има и други промени во софтверот за управување со камерата. Компанијата ја има додадено функција „Мастер ВИ“, која има за цел да им помогне на обичните корисници да прават подобри слики, без да знаат сè за фотографијата. Таа може и да се исклучи ако сакате да се потпрете на своите вештини. Камерата добила нови 7 режими за препознавање на сцените и објекти за спроведување на оптималните подесувања - на пример, веќе можат да се препознаваат различни типови храна и над 30 раси кучиња. Додаден е и помошник за композиција со вештачка интелигенција, кој помага за правилно обликување на кадарот - пример ако сликата е накриво, се покажува линијата на хоризонтот, а при групни фотографии ќе помогне да оставите малку место околу луѓето за попријатен резултат.

P20 и P20 Pro користат Андроид 8.1 со интерфејс ЕМУИ 8.1, во кој се додадени повеќе функции за вештачка интелигенција, искористувајќи ги можностите на Кирин 970. На пример сликите во галеријата веќе може да се подредат според нивните естетски квалитети, а на најдобрите ќе се постави акцент со прикажување поголема слика. Има и можност за автоматско сортирање на кадрите во над 100 категории, за лесно да ги пронајдете фотографиите кои ги барате.

На крајот ќе кажеме, двата телефони имаат сериозно подобрување во однос на своите претходници и веќе немаме трпение да се запознаеме одблиску со нив и со нивните можности.

Во Европа продажбите на P20 почнуваат денеска по цена од 649 евра, а P20 Pro ќе биде достапен од 6 април за 899 евра.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Мобилни

Како да го изберете вистинскиот паметен телефон за вас?

Read more

Vivo ја претстави новата X Fold3 серија смартфони

Read more

Xiaomi Civi 4 Pro е првиот смартфон со Snapdragon 8s Gen3 процесор

Read more

Како да си ги вратите фотографиите што случајно сте ги избришале од телефонот?

Read more
 

Гик

Астронаутите ќе однесат растенија на Месечината во 2026 година

Читај повеќе

Како да го изберете вистинскиот паметен телефон за вас?

Читај повеќе

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Читај повеќе

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Читај повеќе

Климатските промени ја забавија ротацијата на Земјата

Читај повеќе

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Читај повеќе
  • filter

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Читај повеќе

Драмата продолжува: TikTok под истрага, ѝ се заканува тужба

Читај повеќе