Мобилни

Huawei го претстави новиот Mate Xs на преклоп

25. февруари 2020 - 11:14 | М.С.

Светскиот технолошки саем е откажан заради корона вирусот па големите компании мораа да најдат начин како да ги претстават новите уреди.

Технолошкиот гигант ги претстави своите нови уреди преку live stream. Ричард Ју, претседателот на Huawei, рече дека Huawei ќе се стреми да ја унапреди вештачката интелигенција.

Единствениот смартфон кој беше претставен е Huawei Mate Xs на преклоп, наследникот на Mate X моделот.

Huawei Mate Xs има вкупна површина од 8 инчи. Телефонот го поседува процесорот Kirin 990 5G.

Има четири задни камери. Главната камера има 40 MP, а тука се и камерите од 8MP, 16 MP како и 3D depth-sensing камерата. Има Android 10 оперативен систем, со EMUI 10 интерфејс.

Цената на Huawei Mate Xs изнесува 2.499 евра.

Ричард Ју најави дека Huawei P40 ќе биде претставен на 26 март.

Освен Huawei Mate Xs претставени се и Huawei MatePad Pro 5G, Matebook, Huawei Wi-Fi AX3 и Huawei 5G CPE Pro 2.

Овие уреди немаат пристап до Google Play Store, туку апликациите за нив се достапни на Huawei App Gallery.

Коментирај