Компанијата Huawei го претстави својот прв електричен автомобил развиен со групацијата BAIC.
Автомобилот под назив Arcfox Alpha S е целосно електричен модел кој го содржи хардверот и софтверот на Huawei додека BAIC е одговорен за производството.
Huawei и BAIC ќе понудат 2 различни модела, а тоа се Alpha S и Alpha S HI и секој од нив ќе има основна и напредна конфигурација. Тоа значи дека купувачите ќе може да нарачат 4 верзии од автомобилот на Huawei.
Arcfox Alpha S содржи Huawei Kirin 990A процесор кој овозможува 5G поддршка и користење на оперативниот систем HarmonyOS.
Aвтомобилот пристигнува со батерија од 93,5 kWh. Достапно е брзо полнење и со 10-минутно полнење може да се поминат 197 километри.
Достапно е и безжично полнење.
Продажбата започнува оваа година и цените почнуваат од 38.700 долари до 66.000 долари.