Huawei изработи апликација со која се отклучува и стартува автомобил

Се разбира, пред сѐ неопходно е вашиот автомобил да ја поддржува опцијата за отклучување и стартување со мобилен телефон.

Ако ги заборавивте клучевите од автомобилот дома, нема потреба да се грижите, бидејќи Huawei ја патентираше апликацијата Digital Car Key.

Овој изум овозможува да го отклучите и стартувате возилото користејќи мобилен телефон, а сѐ што е потребно е да ја преземете апликацијата и автомобилот да ја поддржува опцијата за виртуелен клуч.

Digital Car Key е само една од многуте апликации што Huawei ја направи со R&D центарот од Финска, со кој соработува веќе една деценија.

За да се користи овој дигитален клуч за автомобил се користи NFC чип, кој веќе го имаат повеќето телефони на Huawei, па затоа е потребно само корисникот да има соодветна апликација за такво нешто.

Исто така, услугата за виртуелен клуч ќе биде достапна само за корисниците на уредите Huawei со EMUI 9 и понов софтвер, со цел да се запазат сите потребни безбедносни процедури и да се користат стандарди кои можноста за измама или хакирање ја сведуваат до ниво на теорија. Виртуелниот клуч е единствен за секое возило, се креира со помош на апликација од производителот на автомобилот и овластување на Huawei уред, а се чува директно во чипот на уредот, каде што е шифриран и заштитен од копирање (без два чекори за авторизација).

Виртуелниот клуч може да се сподели со членовите на семејството и пријателите, кога корисникот го сака тоа пратејќи точно дефинирана постапка, така што автомобилот може да се отклучи од далечина, па дури и да се стартува моторот.

Тагови
реклама

Избрани 31 градоначалник во првиот круг, ВМРО-ДПМНЕ со најмногу победници

Read more

Малолетната ќерка на Хајди Клум позираше со разголени гради за Rollacoaster

Read more

Апасиев: Имаме советници во над 30 општини

Read more

Кање со бизарна маска се појави на свадба кај синот на најбогатиот човек во светот

Read more

Мобилни

Како ќе изгледа Samsung Galaxy S22 Ultra?

Read more

Како ќе изгледа првиот смартфон на преклоп на Oppo?

Read more

Познато кога ќе биде претставен новиот смартфон на Huawei

Read more

Како да го лоцирате вашиот iPhone кога е исклучен?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Израелски нуркач откри крстоносен меч стар 9 века

Читај повеќе

Дали треба да бегаме во вселенски колонии или да ја спасуваме Земјата?

Читај повеќе
  • filter

Како ќе изгледа Samsung Galaxy S22 Ultra?

Читај повеќе
  • play_arrow

Првата мисија до Јупитеровите Тројанци ќе ги открива тајните за раѓањето на Сончевиот Систем

Читај повеќе

Оштетување на мозокот и стареење: Што друго им се случува на астронаутите во вселената?

Читај повеќе

Кислородот ќе исчезне пред водата - крај на Земјата каква што ја знаеме

Читај повеќе

Facebook отвора 10.000 работни места во ЕУ заради создавање на метавселена

Читај повеќе

Метрото во Москва ќе се плаќа преку систем за препознавање лица

Читај повеќе

Пилула против корона до крајот на годината? Сиромашните земји изгледа пак ќе извисат

Читај повеќе