Huawei P10 од денес во продажба на македонскиот пазар

Предводникот на Huawei за 2017 година може да се најде во продавниците на мобилните оператори, како и во големите трговски синџири за техника.

Топ моделот на Huawei за 2017 година, P10 официјално почна да се продава на македонскиот пазар. Уредот дебитира денеска во продажната мрежа на мобилниот оператор Македонски Телеком и во синџирот продавници Neptun, а од почетокот на месец мај и кај мобилниот оператор ВИП и во малопродажниот синџир продавници на СЕТЕК. Во почетокот моделот ќе се нуди кај нас во 2 бои - Mystic Silver (мистично сребрена) и Graphite Black (графит црна).

P10 е усовршен од страна на Huawei со исклучителни технички и уметнички способности, кои го продолжуваат развојот на квалитетот на мобилната фотографија втора година по ред, наметнат од исклучителенниот минатогодишнен модел P9. Новата двојна главна камера од Leica вградена во P10 (20 мегапиксели монохроматски сензор и 12 мегапиксели RGB сензор), како и предната 8 мегапикселна Leica камера за селфи слики, даваат нова димензија на портрет фотографиите направени со смартфон. P10 поседува и други параметри кои го рангираат меѓу топ моделите на смартфони од висока класа за оваа година - прецизна 3D технологија за детектирање на лице, 5,1-инчен стаклен дисплеј Corning Gorilla 5, сензор за отпечатоци во предниот дел на телефонот, најмоќниот процесор Kirin 960 со најновата верзија EMUI 5.1., голема 3,200 mAh батерија која поддржува SuperCharge технологијата за супер брзо полнење.

Huawei започна и своја нова регионална рекламна кампања за P10 со слоганот „Совршен во секоја рамка“ и хаштаг #Perfect10. Во ТВ спотови за кампањата, Huawei ги претстави импресивните портрет карактеристики на телефонот. Сите статични кадри во видеото се снимени со Huawei P10. Креативниот концепт на видеото се базира на емоциите кои секое лице ги изразува во секој момент и приказната која може да се раскаже во една портрет рамка. Во видеото се претставени лица и приказни на поединици, како и популарни личности од различни земји. Видеото се емитува во над 20 држави од Европа и скандинавскиот регион, а во Македонија од денес ќе се врти на дигиталните канали.

„Среќни сме што имаме можност да го претставиме топ моделот Huawei P10 на македонскиот пазар. Убедени сме дека технолошките параметри, дизајнот и највозбудливите можности за портрет фотографија на P10 во партнерство со легендарната Leica, ќе ги заинтригираат македонските корисници и моделот ќе биде меѓу најпродаваните за оваа година“ – сподели Георги Колев, комерцијален директор, сектор „Кориснички уреди“ за Huawei Бугарија и Македонија.

За Huawei Consumer Business Group

Со 16 центри за истражување и развој во земји како Германија, Шведска, САД, Русија, Индија и Кина, услугите и производите на Huawei имаат пазарно присуство во повеќе од 170 држави, опслужуваат повеќе од една третина од светското население. Huawei е рангиран на трето место по нарачки на мобилни телефони за 2014 година. Како една од трите бизнис групи на Huawei, Huawei Consumer BG нуди мобилни телефони, мобилни уреди со голема брзина, домашни уреди и cloud услуги. Глобалната мрежа на Huawei се темели на 20 години искуство во телеком индустријата и е посветена на тоа да ги обезбедува корисниците ширум светот со последни технолошки достигнувања.

 

За повеќе информации, ве молиме посетете ја страницата:

http://consumer.huawei.com/mk/index.htm

За редовни вести – следете ги социјалните мрежи:

Facebook: https://www.facebook.com/HuaweimobileMK/

Instagram: https://www.instagram.com/huaweimobilemk

Twitter: https://twitter.com/HuaweiMobileMK

YouTube: https://www.youtube.com/channel/UCnJWEI4tAYyKv9U1gS3WzAA

Спонзориран текст

реклама

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Мобилни

Како да го изберете вистинскиот паметен телефон за вас?

Read more

Vivo ја претстави новата X Fold3 серија смартфони

Read more

Xiaomi Civi 4 Pro е првиот смартфон со Snapdragon 8s Gen3 процесор

Read more

Како да си ги вратите фотографиите што случајно сте ги избришале од телефонот?

Read more
 

Гик

Астронаутите ќе однесат растенија на Месечината во 2026 година

Читај повеќе

Како да го изберете вистинскиот паметен телефон за вас?

Читај повеќе

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Читај повеќе

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Читај повеќе

Климатските промени ја забавија ротацијата на Земјата

Читај повеќе

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Читај повеќе
  • filter

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Читај повеќе

Драмата продолжува: TikTok под истрага, ѝ се заканува тужба

Читај повеќе