Софтвер

Huawei P30 Pro, P30 и Mate 20 Pro сепак ќе добијат Android Q ажурирање

23. јуни 2019 - 10:32 | А.С.

Откако Huawei најави дека на пазарот наскоро ќе се појават три нови смартфони - Nova 5, Nova 5 Pro и Nova 5i – од компанијата стигна уште едно известување.

Huawei, која има актуелна трговска забрана во САД, ветува дека софтверското ажурирање најверојатно ќе биде достапно за моделите: P30 Pro, P30, Mate 20, Mate 20 Pro, PORSCHE DESIGN Mate 20 RS, P30 lite, P smart 2019, P smart+ 2019, P smart Z, Mate 20 X, Mate 20 X (5G), P20 Pro

P20, Mate 10 Pro, PORSCHE DESIGN Mate 10 и Mate 10, за кои има поднесено барање до Google.

Освен тоа, Huawei работи на Android Q ажурирање за водечката серија Honor 20.

Минатиот месец, Google ги прекина сите бизниси со Huawei, а кинеската компанија веднаш се потпре на своите сили и надоградба на својот опeративен систем.

 

Коментирај