Мобилни

Huawei P40 ќе биде претставен на 26 март

26. февруари 2020 - 11:11 | М.С.

Компанијата Huawei го објави датумот кога ќе ја претстави P40 серијата на смартфони.

Директорот на Huawei, Ричард Ју официјално потврди дека P40 серијата ќе биде претставена по претставувањето на подобрената верзија на првиот смартфон на преклоп со ознака MateXs.

Претставувањето на P серијата обично се случува на почетокот на годината(на пролет или во вторниот квартал), а i минатогодишниот модел P30 и P30 Pro исто така беа претставени во 26 март 2019 година.

Оваа година ги очекуваме P40 и P40 Pro, а можно е да ги видиме и P40 Lite и P40 Pro Premium моделите.

Сепак, не е сигурно дека и тие ќе бидат претставени во истиот ден.

P40 и P40 Pro ќе имаат подобри камери во однос на претходните модели. Моделот Pro ќе има пет камери: главната камера ќе има 64 MP, телефото камерата ќе има 12 MP со 10х oптичко зумирање, ултраширока камера, сензор за длабочина и макро камера.

Главната камера би требало да комбинира 16 пиксели во 1, а тој процес се нарекува Quad Quad Bayer.

Коментирај