ПОЧНУВА ПРОДАЖБАТА НА HUAWEI WATCH GT 3 SE НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР

Huawei Watch GT 3 SE - најлесниот модел во серијата GT 3, со траење на батеријата до 2 недели

Најновиот и најлесниот претставник на хит серијата паметни часовници WATCH GT 3 сега може да се најде и на македонскиот пазар - HUAWEI WATCH GT 3 SE. Со своето екстремно лесно тело ги задоволува барањата на активните урбани луѓе, љубителите на спортот и сите кои особено внимаваат на нивните здравствени параметри и здравиот начин на живот.

HUAWEI WATCH GT 3 SE спојува модерен дизајн и функционалност, и е создаден како одговор на она што корисниците го споделуваат како пречка за поефикасна физичка активност и нејзино следење со помош на модерна технологија. Исклучително е лесен и удобен за носење во секоја ситуација, вклучително и спортови на отворено. Батеријата трае до 2 недели, а самото полнење е исклучително брзо. Компатибилен е и со паметните телефони со Android и iOS и им овозможува на корисниците да ги споделат своите резултати од апликацијата HUAWEI Health со Strava, популарната апликација за спортски перформанси.

Лесен, но полн со можности

HUAWEI WATCH GT 3 SE е креиран имајќи ги предвид спортските ентузијасти, а неговиот дизајн и функционалност се насочени да им помогнат на корисниците да го истражуваат светот со помош на лесен и моќен уред.

Неговиот изглед е целосно променет, со акцент на 1,43-инчниот AMOLED дисплеј во боја со висока резолуција од 466 x 466 и густина на пиксели од 326 PPI. За негова заштита се користи Corning Gorilla Glass, а вкупната отпорност на оштетување е уште поголема поради армираните полимерни влакна.

И покрај силните материјали, HUAWEI WATCH GT 3 SE тежи само 35,6 грама (без ременот), а телото е дебело само 11 мм. Моделот доаѓа во две бои - Graphite Black и Wilderness Green, со повеќе теми за прилагодување. Покрај илјадниците теми на часовникот, корисниците можат да користат OOTD (популарен тренд на социјалните мрежи за облека на денот) и портретни фотографии за персонализирање на часовникот што го одразува стилот за кој се одлучиле тој ден. 

HUAWEI WATCH GT3 SE – совршен паметен часовник за секојдневни предизвици

HUAWEI WATCH GT 3 SE поддржува водоотпорност до 5ATM , согласно стандардот ISO 22810:2010, што му овозможува да работи под вода на длабочина до 50 метри во времетраење од 10 минути. Има 5 главни сателитски системи: GPS, BeiDou, GLONASS, Galileo и QZSS, и се одликува со висока прецизност на позиционирање и ниски пречки, што обезбедува точност на мерењето на тренингот.

HUAWEI WATCH GT 3 SE поддржува над 100 спортски опции, интелигентни планови за трчање, па дури и алгоритмот TruSport™, развиен од Huawei, што нуди резултати врз основа на акумулираните податоци од вашиот тренинг.

Одличен асистент со напредниот HUAWEI TruSleep™ 3.0

HUAWEI WATCH GT 3 SE нуди и прецизно следење на општите здравствени параметри на корисникот. Благодарение на HUAWEI TruSeen™ 5.0+, HUAWEI TruSleep™ 3.0 и другите технологии за следење на здравјето од серијата Tru, HUAWEI WATCH GT 3 SE може да даде целосен извештај  за отчукувањата на срцето, квалитетот на спиењето, SpO2 (заситеност на крвта со кислород) и нивото на стрес.

Ажурираната технологија HUAWEI TruSeen™ 5.0+ подобро се справува со бучавата при движење и дополнително ја подобрува точноста на мерењето на отчукувањата на срцето за време на вежбањето.

HUAWEI TruSleep™ 3.0 е уште еден дел од серијата HUAWEI Tru што користи технологија за следење на сон. Нуди дополнителна прецизност во следењето на квалитетот на спиењето и неговата детална структура составена од различни фази - лесен сон, длабок сон, РЕМ (сонување) и будни периоди преку анализа на повеќе физиолошки параметри врз основа на движењето на телото, отчукувањата на срцето и HRV (Heart Rate variability - мали варијации во времето помеѓу отчукувањата на срцето).

Дополнително, HUAWEI TruSleep™ 3.0, преку апликацијата HUAWEI Health, поддржува следење на квалитетот на спиењето, зборување и крчење на корисникот за да му обезбеди вредни информации за однесувањето при спиење и да идентификува 6 типични проблеми, вклучително и тешкотии при заспивање, лесен сон, лесно ноќно будење, рано будење, многу соништа и неправилен сон и дава над 200 научно-базирани персонализирани предлози за помош во овие ситуации.

Во однос на здравиот начин на живот, апликацијата HUAWEI Health нуди различни персонализирани потсетници групирани под Healthy Living, како што се дневно внесување вода, распоред за примање лекови, и друго.

Удобни со HUAWEI WATCH GT 3 SE

HUAWEI WATCH GT 3 SE нуди секакви можности за вашето секојдневие - поддршка за телефонски повици, навигација, MyTuner Radio, Infinity Loop, eSound Music, TickTick Focus To-Do, Home Workouts, и многу повеќе.

Цена и достапност

HUAWEI WATCH GT 3 SE може да се најде во продажната мрежа на Сетек и Нептун, по препорачана цена од 11.999 денари.

За повеќе информации за HUAWEI WATCH GT 3 SE, посетете ја веб страницата на Huawei.

реклама

Падна нов договор за цената на руската нафта

Read more

Експерименталната вакцина против ХИВ е успешна кај 97% од испитаниците

Read more

Нефудбалските моменти меѓу Србија и Швајцарија: Провокации на сите страни

Read more

Бојата на столицата може да открие дали имате висок холестерол

Read more

Вести

Чудни минерали што ги нема на Земјата откриени во астероид кој паднал во Африка

Read more

Како изгледа глобално затоплување од 3°C?

Read more

Столбовите на создавањето какви што не сме ги виделе досега

Read more

Илон Маск тврди дека ќе ги вгради првите чипови во човечки мозок за шест месеци

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Што ако НАСА никогаш не постоеше?

Читај повеќе

Кои телефони на Nokia ќе добијат Android 13?

Читај повеќе

Чудни минерали што ги нема на Земјата откриени во астероид кој паднал во Африка

Читај повеќе

Apple тестира еден од најважните новитети за iOS

Читај повеќе
  • play_arrow

Како изгледа глобално затоплување од 3°C?

Читај повеќе

Експерименталната вакцина против ХИВ е успешна кај 97% од испитаниците

Читај повеќе
  • filter

Столбовите на создавањето какви што не сме ги виделе досега

Читај повеќе

Маск ги зголеми цените на Starlink за Украинците

Читај повеќе
  • play_arrow

Новите телефони ќе можe да преживеат пад на бетон

Читај повеќе