Живот

Хулијана Авада, една од најубавите и најмоќни жени на денешницата

18. април 2019 - 16:42 | Б.С.Б.

Ниту едно нејзино појавување во јавноста не може да помине без коментар. Додека јавноста во Аргентина се фокусира на нејзината фасцинантна личност, во други делови од светот повеќе се зборува за нејзиниот моден израз и неверојатната убавина.

Станува збор за Хулијана Авада, мајка на две ќерки, дизајнерка и сопруга на аргентискиот претседател Маурисио Макри.

„Јас сум Хулијана, мајка на Валентина и на Антонија. Сопруга на Маурисио. Дизајнерка.“ – вака се опишува себеси една од најубавите и највлијателни први дами во светот. Тоа стои на нејзиниот Instagram профил на кој ја следат над 1,3 милиони луѓе.

Освен што е убава и успешна, Џулијана добро знае што сака од животот.

„Таа е меѓугалактичка волшебничка и тоа не само за мене. Навистина импресионира со својата појава и Аргентинците добро знаат дека нејзината едноставност и начин на живот се темел на тоа како живее и кон што тежнее“, вака ја опиша нејзиниот сопруг, претседателот Маурисо Макри, откако таа во 2018 година се покажа како совршена домаќинка на првите дами на светот во текот на самиот Г20 во Буенос Аирес.

Но, Хулијана била влијателна и моќна пред да се омажи за Макри. Потекнува од имотна фамилија, нејзиниот татко Ибрахим Авада е мигрант од Либан, додека нејзината мајка Елса Естер Бакер е од Сирија.

 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 

Fin del día.

A post shared by Juliana Awada (@juliana.awada) on

Израснала покрај четворица браќа и сестри, а детството го минала образувајќи се во најдобрите училишта во САД. Го има прошетано светот со нејзината мајка и има многу познавања од модниот свет. По дипломирањето се вклучила во семејниот бизнис. Во 1997 година се омажила, но по една година брак се развела. Потоа влегла во врска со белгискиот аристократ Бруно Лауренто Барбиер и со него ја има ќерката Валентина.

Врската со денешниот сопруг, аргентинскиот претседател, ја започнала во 2009 година, а се венчале на 16 ноември 2010 година. Година подоцна е родена нивната ќерка Антонија. Со оглед дека нејзиниот татко е либерален муслиман, Хулијана сама одбрала на која вера ќе припаѓа и се крстила во црква.

„Мојот татко многу сакаше да оди во базиликата и нас нè водеше со него. Се сеќавам дека секогаш зборуваше дека Господ постои за сите, дека треба да му бидеме благодарни и да зборуваме со него. Тој не беше практичен верник, како мал пристигнал од Либан, а нас нè воспитуваше на посебен начин, ни даваше многу слобода и многу разговараше со нас“, вели во една прилика Хулијана.

Бракот со актуелниот претседател на Аргентина предизвика многу контроверзии бидејќи таа нему му е трета сопруга. Парот се запознал кога Макри бил градоначалник, во теретана. Всушност, ги запознал нивниот заеднички тренер. Тој бил воодушевен од нејзината убавина и веднаш ја оставил тогашната девојка.

Хулијана има моден стил кој предизвикува внимание, особено затоа што преферира класика, едноставност и комфор. Се грижи за семејството и домот, а моментално кај нив сè е подредено на повторните претседателски избори, поради кои Авада еднаш неделно ги посетува сиромашните краеви и дели оброци во кујните за сиромашни, заедно со нејзината блиска пријателка, министерката Каролин Стенли.

„Им се восхитувам на жените кои стануваат рано наутро и одат на работа, како и на оние кои остануваат дома и се грижат за децата и семејството. Фасцинирана сум од силните жени. Мојата мајка и во осумдесеттата година секој ден одеше во канцеларија, се омажи на 18 години и морала да оди да работи. Беше мајка на 5 деца и се соочи со рак на градите. Беше незапирлива, од хемотерапија одеше директно на работа. Сите нè инспирираше, затоа јас никогаш не се жалам. Напротив,секогаш сум благодарна и ги ценам работите“, вели Хулијана Авада.

Коментирај