Чек дис аут

Хулк од Пакистан очајно бара жена, невестата мора да има над 100 кг

22. јануари 2020 - 13:55 | Б.С.Б.

Пакистанскиот Хулк, Арбаб Кизер Хајат, си бара жена. Досега одбил многу жени, бидејќи се премногу слаби за него, а тој не сака да ги повреди.

27-годишниот Хајат тежи 444,5 килограми, а висок е 197 сантиметри. Со години се обидува да се ожени, но безуспешно. Неговите родители очајно сакаат да го видат оженет, па да ги израдува со внучиња. Но, Хулк нема среќа во љубовта бидејќи ниту една жена досега не ги исполнува условите што ги има тој поставено.

„Ми треба „тешка“ жена за да не ја повредам, сите жени кои досега сакаа да се омажат за мене се премногу слаби. Сакам да запознам жена тешка барем 100 килограми и повисока до 192 сантиметри за да изгледаме како што треба кога ќе бидеме еден покрај друг“, вели Хајат објаснувајќи зошто жена со просечен изглед не би му одговарала.

Тој вели дека досега одбил меѓу 200 до 300 жени.

Во родното место е познат дека крева тегови, но исто така влече трактори, автобуси и автомобили со помош на јаже. Автомобили крева со една рака.

За да се одржи во форма на ден јаде четири кокошки, 36 јајца, 3 кг месо и пие 5литри млеко, односно внесува 10.000 калории дневно.

Планира да учествува во натпревари за дигање тегови и сонува да стане WWE ѕвезда.

Коментирај