Наука

Хуманоидниот робот Skybot наскоро на првата мисија во вселената

17. јули 2019 - 12:49 | Б.С.Б.

Рускиот хуманоиден робот FEDOR е преименуван во Skybot и наскоро ќе учествува во неговата прва вселенска мисија закажана за август, пренесува Sputnik.

Роботот е предаден на компанијата Energia која е оператор во рускиот сегмент на Меѓународната вселенска станица и производител на Soyuz, вселенско летало со кое Skybot F-850 ќе биде пренесен во вселената.

Летот е закажан за 22 август со Soyuz MS-14, а по пристигнувањето сајбер-космонаутот ќе биде пренесен од бродот во рускиот сегмент на Станицата, каде ќе извршува задачи под будното око на космонаутот Александар Скворцов.

Коментирај