Компанијата Hyperion Motors од Калифорнија претстави функционален прототип на XP-1, демонстрирајќи го низ улиците на Лас Вегас.
На моделот XP-1 се работи од 2016 година, а Hyperion ја развива потребната технологија деценија наназад. Производството на суперспортскиот автомобил со водород-електричен погон е најавено за 2022 година.
Спецификациите не се познати, освен дека забрзување од 0 до 100 км/ч достигнува за 2,2 секунди, додека максимална брзина изнесува 356 км/ч.