Hyundai демантира дека го купува FIAT

Јужнокорејскиот гигант Hyundai, се огласи по повод шпекулациите дека би можел да ја купи италијанско-американската групација Fiat Chrysler Automobiles (FCA).

Hyundai официјално ги демантира овие шпекулации, во кои пишува дека компанијата од Сеул може да стане мнозински сопственик на еден од најголемите произведувачи на автомобили во светот.

„Овие шпекулации немаат никаква основа“, вели портпаролот на корпорацијата Hyundai, Мајкл Стјуарт.

Меѓутоа, автомобилската јавност не е убедена и смета дека овој демант сепак не значи дека Hyundai навистина не е заинтересиран за ова сценарио.

Се шпекулира дека јужнокорејскиот гигант само чека да падне вредноста на акциите на FCA групацијата, нешто што се очекува да се случи откако Серџо Маркионе и официјално ќе го напушти кормилото на италијанско-американската компанија следната година.

Вредноста на FCA на берзата моментално изнесува 18,89 долари, што е значаен скок во однос на износот од 11,07 долари од пред точно една година.

Последните шпекулации околу спојувањето на Hyundai и FCA доаѓаат од азиските медиуми, кои цитираат неименувани извори за плановите на овие два гиганти.

Ако спојувањето сепак се случи, новата алијанса ќе стане најголем произведувач на автомобили на светот, со 11,5 милиони единици годишно.

Со тоа ќе ги надмине Toyota, Volkswagen групацијата, како и моменталниот лидер - алијансата Renault-Nissan-Mitsubishi.

Веќе одреден период се зборува за можноста некоја компанија да ја купи FCA групацијата.

Најпрво се шпекулираше дека тоа би можел да го стори Volkswagen, кој изрази интерес за Alfa Romeo, потоа кинескиот Great Wall Motors, додека Маркионе се обиде да постигне договор со американскиот произведувач General Motors.

Поради најразличните трговски и геополитички состојби во светот, спојувањето на FCA и Hyundai се чини како најреална опција за сите страни.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Авто новости

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Read more

Пад во продажбата на автомобили, производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Read more

Ford почна да прима нарачки за најмоќниот Mustang досега

Read more

Volkswagen инвестира 2,5 милијарди евра во Кина

Read more
 

Автомобили

  • filter

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Читај повеќе

Пад во продажбата на автомобили, производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Читај повеќе
  • filter

Ford почна да прима нарачки за најмоќниот Mustang досега

Читај повеќе

Volkswagen инвестира 2,5 милијарди евра во Кина

Читај повеќе

Само што се појави, а новиот Alfa Romeo веќе мора да го смени името

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Најпродаваниот модел на BMW добива наследник

Читај повеќе

Дали жените се повнимателни возачи од мажите?

Читај повеќе
  • filter

Peugeot конечно го покажа тајниот прототип 208 Cabriolet

Читај повеќе

BMW со првите фотографии го најави претстојното доаѓање на новиот X3

Читај повеќе