Hyundai го претстави новиот Santa Fe, во продажба од септември
Заснован на нова платформа, новиот Santa Fe ќе биде во понуда со хибридна погонска опција.
Последната генерација на нивниот најпознат модел ја претставија на почетокот на 2018 година, а сега од Hyundai одлучија дека Santa Fe треба да добие нов дизајн.
Новата платформа има подобар начин на возење, подобри опции за погонот и поголема маска за ладилникот. Интересни се и куќиштата за ЛЕД светлата. Новиот SUV доби 20-инчни алуминиумски фелни.
Сè уште нема податоци за погонските опции. Новиот Santa Fe пристигнува во септември и тогаш ќе ги објават сите технички спецификации и цената на овој SUV.