ЦАФ АФРИКАНСКИ КУП НА НАЦИИ КАМЕРУН 2022

И Африканците даваат евроголови: За два дена три мајстории од далечина

Синоќа на осминафиналниот натпреварот помеѓу Мароко и Малави двете репрезентации испратија по една „бомба“ во противничката мрежа, голови на кои можат да поздавидат и најголемите светски фудбалски ѕвезди.

Уште во 7. минута Габадињо Мханго со топовски удар го изненади мароканскиот голман најавувајќи ново големо изненадување на Африканскиот куп на нации. Анонимниот фудбалер шутираше од 30 и кусур метри од лево, во спротивниот агол лобувајќи го излезениот Јасин Буну, инаку голман на шпанска Севиља.

Remote video URL

Мханго е непознат за европските фудбалски љубители бидејќи настапува за јужноафриканскиот клуб Орландо Пајретс и никогаш не играл на Стариот континет. Ова му беше трет гол на африакнскиот континентален собир, па иако 29-годишен, можеби сега ќе се проба и во Европа.

Фаворитот Мароко израмни во втората минута од надополнувањето пред паузата преку Јусеф Ен-Несири, исто така играч на Севиља. Потоа следуваше нова мајсторија.

Во 70. минута ѕвездата на ПСЖ, латералниот бек Ашраф Хакими изведе слободе удар од околу 25 метри упатувајќи милиметарски прецизен удар во горниот десен агол. Голманот Чарлс Тому не можеше ништо да направи освен да го збогати голот со немоќна парада.

Remote video URL

Мароко победи со 2:1 и отпатува во четвртфиналето каде ќе игра со победникот од денешниот дерби дуел помеѓу Брегот на Слоновата Коска и Египет.

Инаку, овие два гола дојдоа само ден откако сите веќе прогласија најубав гол на првенството.

Имено, завчера играчот на Комори, Јусуф М'Шангама, постигна еврогол од слободен удар од 30-ина метри против домаќинот Камерун. Неговата репрезентација доживеа елиминација губејќи со 2:1, но неговиот гол уште долго ќе се врти по телевизиите и интернетот.

Remote video URL

И сега, како ќе прогласиме најубав гол на толку мајстории?

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе