И Алонсо се откажа од клекнувањето против расизам

Играчот на Челси ги изненади сите кога единствено тој од целиот негов тим почна да не клекна пред почеток на натпреварите, а вели тоа го направил без да им каже на соиграчите.

Челси со импресивни 3:0 го среди градскиот ривал Тотенхем, а еден детаљ од почетниот свиреж го фати окото на љубопитната јавност. Имено, шпанскиот лев бек втор пат не клекна како што направија сите негови соиграчи, гест со кој играчите на Островот се солидаризираат во борбата против расизмот. Првиот пат остана на нозе против Зенит во Лигата на шампионите, а тогаш и мнозинството играчи од рускиот тим го следеа неговиот пример.

„Јас навистина сум против расизмот и против било каков вид на дискриминација. Но, едноставно преферирам да го ставам прстот на значката на која стои 'No To Racism', како што се прави во други спортови и во фудбалот во други земји. Преферирам да го користам тој начин, а се разбира, кажувам кристално јасно дека сум против расизам и ги сите почитувам“, објаснува Алонсо за неговиот потег.

Маркос Алонсо настапува заедно со неколкумина фудбалери со црна боја на кожата како што се Антонио Ридигер, Н'Голо Канте, Рис Џејмс и Ромелу Лукаку, а сите тие во последно време се жалеа дека се мета на расистички напади. Тој откри и дека за неговата одлука не се консултирал со никого.

Алонсо на натпреварот со Зенит

„Не, немаме зборувано за тоа. Во соблекувалната ние сме како семејство. Имам добар однос со сите, ги сакам сите и сѐ досега не сме разговарале на таа тема“, додава тој.

„И мислам дека нема ни потреба за такво нешто, но секако, доколку треба да разговарам со некого, ќе му го кажам истото што го кажувам и сега и не верувам дека ќе има проблеми“, заврши Алонсо.

Играчите во Премиер лигата почнаа да клечат пред секој натпревар откако продолжи прекинатата сезона минатата година поради пандемијата, а во знак на поддршка на движењето „Black Liver Matter“ по смртта на Џорџ Флојд во САД. Дури и англиската репрезентација го наследи овој тренд.

Но, Англичаните наидоа на жестоки критики и куп исвиркувања, особено за време на ЕУРО 2020 кога речиси никој освен останатите островски репрезентација не се вклучи во гестот со клекнување, а публиката насекаде ги свиркаше. Свирежи од дел од публиката често добиваат и на стадионите во Премиер лигата.

реклама

Доктор открива техника што им помага на мажите да издржат подолго во секс

Read more

Зошто на електричните автомобили им се празни батеријата додека се паркирани?

Read more

Како да носите прстен и што всушност значи прстот на кој го ставате

Read more

Додека другите војуваат, Кина воведува закон за „етничко единство“

Read more

Фудбал

Што ако Иран се повлече од Светско: ФИФА ќе го покани Ирак или Италија?

Read more

Трамп им порача на Иранците да се повлечат од Мундијалот, веднаш му одговорија

Read more

Се бара „кртот“: Кој го издаде составот на Челси осум часа пред натпреварот?

Read more

Хет-трикот на Валверде е историски од повеќе причини

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Што ако Иран се повлече од Светско: ФИФА ќе го покани Ирак или Италија?

Читај повеќе
  • play_arrow

Гилџс-Александер сруши рекорд на Вилт Чемберлејн стар 63 години

Читај повеќе

Трамп им порача на Иранците да се повлечат од Мундијалот, веднаш му одговорија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобриот натпревар на Лука Дончиќ во дресот на Лејкерс

Читај повеќе

Се бара „кртот“: Кој го издаде составот на Челси осум часа пред натпреварот?

Читај повеќе
  • play_arrow

Хет-трикот на Валверде е историски од повеќе причини

Читај повеќе

Модриќ ја сели Златната топка во Милано: Дали на маса има нов договор?

Читај повеќе

Тудор објасни зошто го замени голманот во 17-та минута

Читај повеќе

ЛШ продолжува вечерва, апсолутното дерби на осминафиналето е пред нас

Читај повеќе