И Audi се откажува од плановите за целосна електрификација

Плановите автомобилската индустрија целосно да премине кон електрична енергија до почетокот на 2030-тите стануваат утописки.

Така барем сугерираат најновите информации од таборот на најголемите производители. Последен во низата е Audi, кој сериозно ја преиспитува својата претходна најава дека ќе нуди исклучиво електрични автомобили од 2032 година. Податоците за продажба за 2024 година покажуваат дека побарувачката за електрични возила на Audi паднала за 19,5 отсто, на 158.343 единици.

За време на годишната медиумска конференција на Audi за 2025 година, извршниот директор Гернот Долнер рече: „Како дел од иницијативата за лансирање на производи, не само што ги претставуваме новите електрични модели, туку и новата генерација возила со мотори со внатрешно согорување и plug-in хибриди. Ќе го прилагодиме производството на последните возила со мотори со внатрешно согорување во зависност од развојните трендови на глобалниот пазар“.

Да потсетиме дека Audi претходно објави дека новиот Q7 ќе биде последниот нов производ достапен со мотори со внатрешно согорување, што ќе се совпадне со прекинот на развојот на моторот најавен за 2026 година. Планот беше овие модели да опстанат до 2032 година.

Сега Audi, по примерот на претходните одлуки на BMW, Mercedes и Volvo, ја одложува таа одлука. Очекувано имајќи предвид дека Porsche ќе ги задржи и бензинските мотори во својата гама. Исто така, моделите PHEV, за кои Долнер вели дека се „централен дел од портфолиото на патот кон целосно електрична понуда“, добиваат поголемо значење во гамата.

На истата конференција, Долнер ги најави и претстојните лансирања на модели за 2025 година: „Во моментов работиме на освежување на целата наша палета на модели, а до крајот на годината ќе го имаме најмладото портфолио во нашите пазарни сегменти“. Тој потврди дека новата генерација Q3 доаѓа ова лето и најави дека на 25 март ќе дебитира plug-in хибридна верзија на A5 како еден од 10-те нови PHEV модели што ќе бидат претставени оваа година.

Тагови
реклама

Како намалувањето на внесот на кофеин влијае на телото?

Read more

Која е разликата меѓу прашок, течен детергент или капсули за перење алишта?

Read more

Казнети возачите што вееја знамиња на улица и блокираа сообраќај во Скопје

Read more

Хегсет: Егзекуцијата со стрелање на поранешниот мајор ќе ја пренесуваме во живо

Read more

Авто новости

Ова не е обичен тест: Volkswagen „испече“ електричен SUV на 160°C 

Read more

Најголемиот камион во светот: Носи 450 тони, а колку троши?

Read more

Новиот Twingo доби уникатен стаклен покрив, цената е вистинско изненадување

Read more

Две детски седишта за во автомобил паднаа на креш-тестот

Read more

Автомобили

  • play_arrow

Ова не е обичен тест: Volkswagen „испече“ електричен SUV на 160°C 

Читај повеќе
  • filter

Најголемиот камион во светот: Носи 450 тони, а колку троши?

Читај повеќе
  • filter

Новиот Twingo доби уникатен стаклен покрив, цената е вистинско изненадување

Читај повеќе

Две детски седишта за во автомобил паднаа на креш-тестот

Читај повеќе

Porsche AG го основа „Домот на спортските автомобили“

Читај повеќе

Сервисна акција на одредени Škoda возила

Читај повеќе

При која брзина автомобилот најмалку троши гориво?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Citroën ќе „оживее“ една од своите легенди

Читај повеќе

Се заострува спорот за платите во Volkswagen: Синдикатот се подготвува за тешка борба

Читај повеќе