И член на ДНК осомничен за пожарот поради употребата на пиротехника

За внесување и употреба на пиротехнички средства е осомничен и еден член на музичката група ДНК, објави јавниот обвинител, Љупчо Коцевски.

„Постои сомнение дека членовите на бендот околу 2:32 часот како дел од сценскиот настап и ефект ги активирале експлозивните материи – пиротехнички фонтани кои исфрлале искри во правец на плафонот над сцената од кои веднаш се опожарил кровниот дел од објектот и пожарот се проширил по целиот објект“, рече обвинителот.

Одговорните лица во дискотеката кои се осомничени за пожарот во Кочани, и членовите на обезбедувањето, не спречиле за потребите на настапот на групата ДНК да се внесат во угостителскиот објект и да се употребат експлозивни материи – пиротехнички фонтани, иако за тоа дејствие немале задолжителна дозвола издадена од надлежни органи за да ракуваат со пиротехнички средства, ниту пак просторните услови дозволувале употреба на такви пиротехнички средства.

Основното јавно обвинителство Кочани донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 27 лица и три фирми за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле – Тешки дела против општата сигурност од член 292 во врска со член 288 од Кривичниот законик.

Коцевски објави дека сите осомничени во периодот од 2012 година до 16 март, заеднички но секој од аспект на своето својство, надлежности и одговорности, воопшто не постапиле според прописите за мерките за заштита и со тоа предизвикале опасност за животот и телото на луѓето и имот од големи размери.

Меѓу осомничените се сопствениците и управителите на клубот, управителка на фирма од Кочани која го изготвила проектот, поранешниот министер за еконмија Бектеши, службеник од Министерството за економија кој зел мито од сопственикот на клубот да за изготви лиценца. Потоа поранешен државен секретар, раководител на сектор, раководител на одделение и помлад соработник, кои и во моментов работат во Министерството но на други раководни позиции. Осомничени се и поранешен директор на Државниот пазарен инспекторат и три службени лица инспектори, иако биле должни да вршат инспекциски надзор, не ги извршиле своите службени должности и во периодот од 09.01.2020 година до 16.03.2025 година во ниту еден наврат не извршиле контрола над работењето на правното лице за да утврдат дали има важечка лиценца.

Осомнични се и тројцата градоначалници на Кочани во периодот од 2012 година до 16.03.2025 година, како и двајца поранешни директори на Дирекцијата за заштита и спасување.

реклама

Кој ќе биде најдобриот месец во 2026 година за вашиот хороскопски знак?

Read more

Само тројца играчи на Реал не се збогуваа со Чаби

Read more

Аматер го победи најдобриот тенисер во светот и освои милион долари

Read more

Кина ги проби границите на фузијата: Вештачкото сонце го доближува човештвото до неисцрпна чиста енергија

Read more

Македонија

И Македонија на листата на земји во кои САД ја запираат обработката на имигрантски визи

Read more

Филипче: Нема услови за укинување на техничката влада

Read more

ДУИ за една изборна единица бара со праг од 5%, за укинувањето на техничката влада предложи консултација со ЕУ и САД

Read more

Движењето ЗНАМ е за укинување на Пржинската влада и воведување една изборна единица

Read more
 

Вести

И Македонија на листата на земји во кои САД ја запираат обработката на имигрантски визи

Читај повеќе

Ужасна несреќа во Тајланд: Кран падна врз воз, триесетина загинати

Читај повеќе

САД го запира издавањето визи за 75 земји

Читај повеќе

Филипче: Нема услови за укинување на техничката влада

Читај повеќе

ДУИ за една изборна единица бара со праг од 5%, за укинувањето на техничката влада предложи консултација со ЕУ и САД

Читај повеќе

Движењето ЗНАМ е за укинување на Пржинската влада и воведување една изборна единица

Читај повеќе
  • play_arrow

Иран заплени десетици Starlink антени

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев по лидерската: Изборен законик, Омбудсман, апанажи, патни трошоци, Кочани, Пржинска влада, минимална плата

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски: Техничката влада треба да замине во минатото, но ако СДСМ мислат дека е потребна за следните избори, во ред, прифаќаме

Читај повеќе