Фудбал

И дефинитивно: Светското првенство без Златан Ибрахимовиќ

26. април 2018 - 16:31 | М.Д.

Иако рече дека „Светското првенство без мене не е вистинско Светско првенство“, сепак овој Мундијал ќе го гледаме без него.

Златан Ибрахимовиќ нема да се врати од репрезентативната „пензија“ и нема да заигра на Светското првенство во Русија кое се игра ова лето, соопшти Шведската фудбалска федерација.

Пред неколку дена, гостувајќи кај познатиот американски телевизиски водител Џими Кимел, 36-годишниот Златан го најави своето учество на Мундијалот.

„Светското првенство без мене не би било вистинско Светско првенство“, изјави во таа прилика Швеѓанецот.

Меѓутоа, претседателот на Фудбалската федерација на Шведска Ларс Рихт ги отстрани сите сомневања.

„Разговарав со Златан во вторникот. Тој соопшти дека не ја променил одлуката околу играње за националниот тим. Тој став е – не“, изјави Рихт.

Ибрахимовиќ преку постојани изјави и објави на социјалните мрежи, редовно ги зголемуваше шпекулациите околу можноста повторно да го облече дресот на шведската репрезентација, иако веќе се повлече од националниот тим.

Коментирај