И денеска висока бројка на новозаразени - вкупно 164 од 1.045 тестирања

Ф.З.
/ 12.06.2020 / 13:37

Министерот за здравство излезе со официјалните бројки на новозаразени во последните 24 часа. Бројката и натаму е висока.

Во последните 24 часа се направени 1.045 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на COVID-19. По градови:
- Скопје 85
- Куманово 24
- Дебар 3
- Штип 5
- Прилеп 3
- Тетово 18
- Струга 5
- Охрид 9
- Гостивар 2
- Гевгелија 1
- Крива Паланка 1
- Кочани 1
- Македонски Брод 1
- Валандово 1
- Свети Николе 2
- Ресен 2
- Неготино 1

Починати се две лица од Скопје и Тетово. Во ГОБ „8 Септември“ почина пациентка од Скопје (53г) хоспитализирана како сомнителна на корона на 2 јуни и потврдена позитивна по приемот. Во болницата во Тетово почина пациентка (60г) хоспитализирана како сомнителна на корона на 9 јуни.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 16 нови, а вкупно хоспитализирани 93 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 16 нови, а вкупно хоспитализирани 60 пациенти. На респираторна машина се 10, a со потешка клиничка слика се уште 11 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 25 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациента. Во болницата во Штип се хоспитализирани 23 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 31 пациент - позитивни и сомнителни на COVID-19.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 12 оздравени пациенти, во:
- Скопје 3
- Прилеп 6
- Струга 1
- Велес 1
- Виница 1

Досега во земјата се направени вкупно 41.049 тестирања на COVID-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Read more
 

Ново

  • filter

Секси петок

Читај повеќе

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе
  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе