Свет

И директорот на болницата во Вухан почина од Covid-19

18. февруари 2020 - 11:47 | МИА

Бројот на смртни случаи од Covid-19 во Кина се зголеми на 1.873, а денеска почина и директорот на централната болница во Вухан, неврохирургот Лиу Жиминг, пренесува CNN.

Лиу Жиминг (51), директор на болницата во Вуханг, почина утрово, стои во соопштението на болницата. 

Пет лица заразени со корона вирусот починаа надвор од Кина, а заразени се околу 73.325 луѓе низ целиот свет.

На крузерот Diamond Princess, закотвен во јапонското пристаниште Јокохама, вчера беа регистирани нови 99 заразени, со што вкупниот број на потврдени случаи на крузерот е поголем од 350 заразени од присутни 3.600 луѓе.

Претходно од Covid-19 почина и Ли Венлианг, кинескиот лекар кој прв предупреди на опасноста од новиот коронавирус.

Коментирај