И ДОМ e против промена на државниот грб

За ДОМ е неприфатлив предлогот за промена на државниот грб.

Партијата ја повикува власта да не прави дефокус на јавноста од потребата да се фати во борба против корупцијата, аерозагадувањето, здивените цени во маркетите и на електричната енергија, а сѐ заради зголемување на сопствениот рејтинг пред претстојните локални избори.

Претходно стана јасно дека и помеѓу коалиционите партнери во Владата засега нема консензус на оваа тема, откако ЗНАМ стави до знаење дека не ја гледа потребата за промена на државниот грб.

Лидерот на оваа партија, Максим Димитриевски, смета дека грбот ги отсликува македонската историја и реалност.

„Сите тие симболи нам ни значат, вклучувајќи го и лавот и сонцето од Кутлеш, коешто за жал согласно Преспанскиот договор повеќе не е составен дел од таа иконографија. но, како и да е – исто така е и петокраката. Јас лично сметам дека овој грб којшто државата во моментов го има ги задоволува сите потреби и од историски континуитет и од географски континуитет и ја отликува реалноста на македонскиот народ и држава. Ние од ЗНАМ сметаме дека не треба да се дозволи од државните обележја да имаме дополнително наметнување на политиката и партизација“, изјави Максим Димитриевски.

Предлогот не го поддржува ниту опозициската СДСМ.

„Ние сметаме дека државниот грб сосем соодветно ги отсликува сите хералдиски карактеристики на ова поднебје. Јасен е континуитетот и од придобивките на Народноослободителната и антифашистичка војна, нема никаква поделба во однос на етнички групи. Доколку има таква иницијатива со сите демократски средства најостро ќе се спротивставиме на промена на државниот грб“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче пред четири дена.

Пред неколку дена Мицкоски потврди дека со ВЛЕН веќе разговарале за нов државен грб. Пратеникот Антонијо Милошоски, пак, претходно денес изјави дека Македонија треба да има современ државен грб и со неговата симболика да биде дел од европското друштво на држави, а не во друштво на Белорусија, Таџикистан и Ангола.

Измените се носат со двотретинско мнозинство.

Тагови
реклама

И член на ДНК осомничен за пожарот поради употребата на пиротехника

Read more

Кинескиот MG4 е голем хит во Европа, доаѓа и нова генерација

Read more

Темната енергија во универзумот слабее: Што значи тоа?

Read more

ЕУ: Не смееме да дозволиме тоа што се случи со гасот да ни се случи и со челикот

Read more

Македонија

Насилно задушување е причината за смртта кај сите 59 пациенти во пожарот во Кочани

Read more

Панчо од ДНК е надвор од животна опасност, шести ден е на интензивна нега

Read more

„Пулс“ имале устен договор за концертот на ДНК, објектот бил пренатрупан и никој не ги сопрел децата да влегуваат

Read more

И член на ДНК осомничен за пожарот поради употребата на пиротехника

Read more
 

Вести

Насилно задушување е причината за смртта кај сите 59 пациенти во пожарот во Кочани

Читај повеќе

Панчо од ДНК е надвор од животна опасност, шести ден е на интензивна нега

Читај повеќе

„Пулс“ имале устен договор за концертот на ДНК, објектот бил пренатрупан и никој не ги сопрел децата да влегуваат

Читај повеќе

И член на ДНК осомничен за пожарот поради употребата на пиротехника

Читај повеќе

Кривична пријава против фирма од Струмица и против управителот за даночно затајување

Читај повеќе

Седумте пациенти на Токсикологија од денеска се стабилни

Читај повеќе

Вукашин е 16-тата жртва од уривањето на настрешницата во Нови Сад

Читај повеќе

97 фирми ќе останат без градежни лиценци бидејќи престанале да ги исполнуваат условите

Читај повеќе

Концертот на Мариа Мендеш и Националниот џез оркестар ќе биде хуманитарен

Читај повеќе