Ѝ експлодирале слушалките за време на лет

Австралиските власти предупредија за опасностите од користењето уреди што работат на батерија за време на летови откако се запалија слушалките на една патничка во авион.

Жената заспала за време на летот од Пекинг кон Мелбурн, но ја разбудил звукот на експлозија.

Таа веднаш ги извадила слушалките кои почнале да искрат, а потоа се запалиле и се стопиле.

Лицето на патничката поцрнело од експлозијата и огнот, а на рацете добила плускавци.

Патничката, чиј идентитет не е објавен, изјави за австралиското Биро за безбедност при транспорт (ATSB), дека слушала музика кога се случила експлозијата, пренесува BBC.

Членови на екипажот веднаш реагирале за да ѝ помогнат и да го изгаснат огнот и истуриле кофа со вода врз слушалките.

Во меѓувреме батеријата и капакот на пластичната обвивка се стопиле и се залепиле на подот.

„До крајот на летот, патниците го чувствуваа мирисот на растопена пластика, изгорена електроника и изгорена коса”, соопшти ATSB во својот извештај.

Во извештајот не се споменува брендот на слушалки, но се наведува дека дефект на литиумските батерии е најверојатно причината што тие се запалиле.

Во последниве години се пријавени многу проблеми со литиумски батерии за време на летови,  пишува BBC.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Вести

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Read more

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Read more

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Read more

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Read more
 

Гик

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе