И Европската комисија сака почеток на ЕУ преговорите до крајот на јуни

За првпат денеска Европската комисија се изјасни за временски рок за одржувањето на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија и Албанија, за време на презентацијата на извештајот на европратеникот Илхан Ќучук, јави дописничката на МИА од Брисел.

Во име на Европската комисија се огласи еврокомесарот Дидје Рејндерс, кој го заменуваше Оливер Вархеји попладнево во Европскиот парламент. По воведот на известувачот за Северна Македонија, Илхан Ќучук, на неговата резолуција за земјата, Рејндерс повика преговорите со Северна Македонија, како и со Албанија, да започнат пред крајот на француското претседателство, на 30 јуни.

-Земјите членки на ЕУ донесоа одлука во март 2020 да ги отворат преговорите со Албанија и Северна Македонија, сега е време да се испорача и официјално да се отворат со двете земји пред крајот на француското претседателство, изјави еврокомесарот.

Тој додаде дека ова е најсилниот сигнал што ЕУ може да му го испрати на целиот Западен Балкан.

Пред два дена и високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Жузеп Борељ, даде временски рок кога треба да започнат преговорите со Северна Македонија и предупреди дека доколку тоа не се случи до крајот на француското претседателство ќе се отвори сериозен проблем помеѓу ЕУ и целиот регион.

До сега Европската комисија никогаш не се изјаснуваше за рокови во однос на отпочнувањето на преговорите со Скопје и Тирана, користејќи го изразот „што е можно поскоро“.

Европската комисија изрази подготвеност да помогне во изнаоѓање решение за надминување на спорот помеѓу Северна Македонија и Бугарија.

Известувачот Ќучук од своја страна предупреди дека „времето не е на ничија страна“ во овој спор.

-Ова е губитничка ситуацијата за Бугарија, за Северна Македонија и за ЕУ, порача известувачот и ги повика Скопје и Софија да најдат заеднички прифатливо решение за да може да се одржи првата меѓувладина конференција, со што ќе им се даде перспектива на македонските граѓани.

За Ќучук, одолговлекувањето на почетокот на преговорите со Северна Македонија има негативно влијание и врз геополитичкиот контекст.

Тој додаде дека ова се историски времиња кои бараат лидерски одлуки, а не следење на јавното мислење.

Извештајот на Ќучук го поздравува реформскиот напредок во земјата, со низа забелешки за состојбата со медиумите, цивилното општество, изборниот законик, меѓу другото. Најспорно во извештајот се поднесените амандмани во врска со спорот со Бугарија. Извештајот и амандманите ќе се усвојуваат утре попладне во Брисел.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Македонија

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Read more

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Read more

Пендаровски со претставка за говорот на омраза, навредите и дискриминацијата од страна на Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ

Read more

ДУИ си играше власт: Османи стана претседател, Села на Собранието, Бугарите влегоа во Уставот

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе