И Фиорентина си поигра со Милан
По Интер и Торино, сега и Фиорентина му нанесе пораз на Милан, трет во серија, а четврти сезонава. Претходно „росонерите“ потклекнаа и пред Уденезе во првото коло, а по синоќешниот пораа паднаа на 16-тото место на табелата.
Фиорентина дојде, виде и победи во Милано. Факт е дека доби и два пенала, од кој вториот Енрико Кјеза го промаши, а и црвен за Милан во 55-тата минута (Матео Мусакио), но сите три инциденти беа поради несмасни фаули на домаќините.
Ерик Пулгар, Гаетано Кастровили и Франк Рибери беа стрелци за гостите, додека утешенј погодок за Милан постигна Рафаел Леау.