Живот

Ѝ го украле точакот, си го украла назад

17. јули 2017 - 13:52 | Л.Е.

Џени Мортон Хамфриз ја контактирала Полицијата во Бристол и пријавила дека нејзиниот скап велосипед бил украден по што не наишла на никаква помош ниту разбирање и одлучила сама да преземе мерки.

Џени ја известила Полицијата за нејзините намери, но никој не ѝ помогнал. Полицајците ја предупредиле дека планот е опасен, а таа си заминала дома.

Во безизлез и паника таа се свртила кон социјалните мрежи за помош по што се појавил еден подеднакво гневен дечко кој го видел нејзиниот велосипед огласен за продажба.

Интернет пријателот договорил средба со продавачот на велосипедот за неговата „сестра“, а Џени се појавила да го „испроба“ велосипедот пред да го купи.

Таа се качила на својот велосипед и избегала. 

Коментирај