И Harley има нов електричен велосипед
Познатиот произведувач на мотоцикли претстави електричен велосипед наречен Serial 1, име инспирирано од првиот модел на Harley-Davidson мотоциклите од 1903 година.
Според најавеното, овој бизнис со електрични велосипеди ќе биде дел од посебна спин-оф компанија Serial 1 Cycle. Од тоа што може да се види: бели гуми, кожно седиште, старински рачки и ретро стил изглед, сето тоа јасно упатува на поврзаноста со почетоците на компанијата и воопшто на индустријата со мотоцикли.