Актерката и продуцентка Елизабет Бенкс потврди дека постигнала договор со Warner Bros. TV за римејк на популарната серија, објави Variety.
„Модерното семејство од Каменото доба“ ќе стане уште помодерно.
Анимираната серија „The Flintstones“, кај нас позната како „Каменковци“, ќе добие современа верзија замислена како програма за возрасни.
Проектот на Warner Bros. Animation и продукциската компанија на Бенкс Brownstone Productions, уште е во почетна фаза, но се знае дека е базиран на оригинална идеја со ликовите од оригиналната серија.
Оригиналната серија, што се емитуваше од 1960 до 1966 на ABC, беше првата анимирана серија што играла во ударно време на која било американска ТВ-мрежа.
Од неа беа направени бројни спиноф серии, како и играни филмови, во периодот од 1994 до 2000 година.