Кошарка

И ќерката на Коби Брајант загина со него во хеликоптерската несреќа

26. јануари 2020 - 22:11 | А.С.

Американски и светски медиуми објавија дека кошаркарската легенда Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа.

Според првичните соопштенија, приватниот хеликоптер на Брајант експлодирал во лет, додека летал низ магливи временски услови, а потоа паднал во Калабасас, Калифорнија.

Со Брајант во леталото имало уште четири лица, од кои едното е неговата 13-годишна ќерка Џијана со која тргнале на кошаркарски натпревар, објави New York Post.

Џијана е едно од четирите деца на Брајант.

Официјално се знае дека сите патници во хеликоптерот загинале, но не се објавени имиња.

Светските спортски ѕвезди веќе објавуваат сочувство за неговото семејство и објавуваат постови на социјалните мрежи во шок и неверување.

Брајант (41) го одигра последниот професионален кошаркарски натпревар во 2016 година.

Брајант е едно од најголемите имиња во светската кошарка. Со тимот на Лос Анџелес Лејкерс, каде ја помина целата своја 20-годишна кариера, тој освои 5 титули и учествуваше на 18 „Ол-Стар“ натпревари.

Коментирај