И мажите глумат оргазам

Се смета дека само жените глумат оргазам. Меѓутоа, тоа го прават и мажите- многу почесто отколку што мислите.

Во истражувањето кое е спроведено на Универзитетот во Квебек, Канада, научниците истражуваа зошто мажите глумат оргазам.

Во ова истражување учествуваа 230 мажи на возраст помеѓу 18 и 29 години. Една четвртина од нив признаа дека глумат оргазам со своите партнерки.

Има повеќе причини за тоа: сексот трае предолго, не можат да ја одржат ерекцијата, губат желба во текот на сексот или се преуморни.

Дали и мажите се исклучок? Се чини дека не. Во едно истражување спроведено на Универзитетот во Kaнзас од 2010 година, научниците испитуваа 180 студенти за да дојдат до резултат дека околу четвртина испитаници барем еднаш во животот глумеле оргазам.

Како успеваат да изглумат оргазам?

Мажите глумат оргазам со „акустични сигнали“, т.е со гласно стенкање и силно напнување на телото по кое следи потполно опуштање. Доколку мажот носи кондом, уште полесно е да изглуми оргазам.

Како да откриете дали вашиот партнер глуми?

Тоа ќе ви успее со многу едноставен трик- допрете го сосема нежно по неговото чувствително место. По оргазмот, партнерот е екстремно чувствителен на допир. Доколку не изреагира, можно е да не доживеал оргазам.

Што да направите доколку партнерот глуми оргазам?

Тоа зависи од вашата љубовна врска. Доколку станува збор за секс само за една ноќ, тогаш не вреди да ја трошите енергијата и да разговарате за тоа со сексуалниот партнер.

Доколку станува збор за долга врска, тогаш е важно да знаете зошто вашиот партнер глуми оргазам и колку често го прави тоа. Можеби тој сака да ги зачини работите во спалната соба или е под стрес.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Љубов и секс

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Read more

Венера во Овен до 29 април: 4 хороскопски знаци ќе доживеат големи промени во љубовта

Read more

Дали го знаете правилото 7-7-7? Може да го спаси бракот!

Read more

Колку често мажите и жените помислуваат на секс?

Read more
 

Магазин

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе
Како да направите совршени американски палачинки?

Како да направите совршени американски палачинки?

Читај повеќе

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Читај повеќе

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Читај повеќе

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Читај повеќе

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Читај повеќе
  • play_arrow

Вирална снимка од поплавите во Дубаи: Мачка очајно се држи за автомобил

Читај повеќе
  • play_arrow

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Читај повеќе