И мувите се гурмани како луѓето – внимателно бираат што ќе јадат

Мислевме дека мувите не се баш пребирливи. Дека ќе седнат на сѐ што ќе им дојде на патот. Но, дури и мувите, како гурманот што го прегледува менито, поминуваат голем дел од своето време во потрага по слатки, хранливи калории и избегнување на горчлива, потенцијално отровна храна.

Што се случува кај нив кога ќе донесат одлука за тоа кој залак ќе го каснат? Ова прашање го разгледаа научниците од Јеил, кои користеа интересен метод за истражување. Тим научници им дадоа на гладните овошни мушички (Drosophila) избор од неколку видови храна, од слатка до слатко-горчлива со горчлив кинин, од калориски бомби до нискокалорична храна. Користејќи технологија за невровизуелизација, тие ја следеа нервната активност на овие инсекти во време кога тие одлучуваа што да јадат. Дали избраа повеќе калорична храна или онаа со подобар вкус?

„Зависи од тоа колку се гладни“, вели Мајкл Нитабах, професор по клеточна и молекуларна физиологија, генетика и невронаука на Медицинскиот факултет во Јеил, еден од авторите на студијата, пренесува ScienceDaily.

„Колку се погладни, толку е поголема веројатноста да го толерираат горчливиот вкус за да добијат повеќе калории“, додаде тој. Според студијата објавена во списанието Nature Communications, група експерти предводени од научникот Прети Сарен заклучиле дека моделите на невронска активност во телото се прилагодуваат кога се воведуваат нови понуди на храна, што потоа влијае на одлуката на инсектот за тоа која храна да ја јаде. Истражувачите отидоа чекор понатаму и открија дека со манипулирање на невроните во делови од мозокот може да се влијае врз изборот на храна. На пример, кога предизвикаа намалување на невронската активност поврзана со метаболизмот, се покажа дека гладните муви избираат храна со помалку калории. Таму, заклучија тие, постои поврзаност со начинот на кој луѓето ја бираат храната. Невронските активности и во мозокот на мува и во човечкиот мозок се регулирани со лачење на невропептид и невротрансмитер допамин, што кај луѓето помага да се регулира чувството за награда. Начинот на кој мозокот реагира на различни видови храна може да се промени. Со други зборови, неврохемијата понекогаш може да го диктира изборот на храна што мислиме дека ја правиме свесно.

„Студијата дава образец за разбирање како нештата како гладот ​​и внатрешните емоционални состојби влијаат на нашето однесување“, истакнува Нитабах. Гладните муви прават компромиси кога се соочуваат со спротивставени сетилни информации. Одлуките за тоа каква храна да јадете се клучни за преживување, а донесувањето на тие одлуки честопати е нарушено од болести. Изборот на храна се одредува не само од квалитетот на вкусот, туку и од претходните искуства и нивото на глад, забележуваат научниците. Слатки и горчливи рецептори за вкус на нозете и крилјата на мувите сигнализираат присуство на слатка хранлива храна и горчлива, потенцијално отровна храна. Мувите мора постојано да ги мерат и „обработуваат“ информациите пред да се хранат.

Предноста на овошните мушички

Мувите и овошните мушички често се користат во генетските истражувања поради структурите на мозокот и односите меѓу гените. Овошната мушичка има околу 15.500 гени на своите четири хромозоми, додека луѓето имаат околу 22.000 гени на 23 хромозоми. Покрај тоа, овие инсекти пренесуваат генетски информации низ генерациите. Овошната мушичка е најпроучуваниот организам и една од причините е дека резултатите може да се добијат во рок од неколку недели, колку што е нивниот животен циклус. И во ова тие имаат предност пред, на пример, лабораториски глувци. Тие се користат за проучување на Алцхајмерова болест, развој на тумор и многу повеќе. Неколку нобеловци ја добија наградата благодарение на резултатите од истражувањето во кои користеа и вински мушички. Дури и здруженијата за заштита на животните немаат ништо против.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Наука

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more
 

Гик

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе
  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе