И на газда Дестани му дојде преку глава од очајните резултати

Сопственикот на Шкендија преку соопштение најави дека преземал мерки за излез од резултатската криза која цело лето беснее во актуелниот шампион.

Откако симпатизерите на клубот загубија нерви уште по срамните резултати во квалификиациите за Лигата на шампиони и Лига Европа, последен остана газдата на клубот, Лазим Дестани. Тој денес конечно се произнезе за ситуацијата во клубот најавувајќи промени.

„Драги спортски фанови, навивачи и симпатизери на ФК Шкендија.

Со почетокот на првенството би сакал да го изразам и моето незадоволство од перформансите и слабите резултати на Шкендија кои го носат тимот сѐ подоле и подоле и на кои не смееме да им дозволиме да продолжат. Ова лето не ја гледаме онаа Шкендија која со години се навикнавме да ја гледаме. Тимот наместо да напредува и реди успеси, го направи спротивното на европските натпревари, Шкендија не ги донесе резултатите кои навивачите со право ги очекуваа. По елиминацијата од сите европски натпреварувања, Шкендија се врати во домашното првенство каде веќе се одиграа првите три кола. Поразите во првите два натпревара и немањето позитивен резултат во третото коло се крајно фрустрирачки за мене, за моите соработници, но и за навивачите. Овие лоши резултати се показател дека нешто не се работи како што треба. Затоа, токму поради овие причини, би сакал да ја информирам спортската јавност дека составив професионална работна група која веднаш започна да ја испитува состојбата во клубот за да ги утврди сите работи и промени што треба да се направат во сите делови на клубот. Очекувам за неколку дена овој стручен тим да ја заврши работата овозможувајќи ѝ на Шкендија да се врати во посакуваната форма за да може да продолжи да се натпреварува во домашната лига онака како што сакаат да ја гледаат сите поддржувачи и навивачи на клубот“, се вели во соопштението на Дестани објавено на официјалната веб-страница на клубот од Тетово.

Шкендија во минатите две сезони беше шампион на Македонија и одлично нѐ претставуваше во европските натпревари. Но, летово прво испадна од Лигата на шампиони од естонскиот анонимус Калју за потоа да доживее срамна елиминација и од Лига Европа и тоа од луксембуршскиот тим на Дуделанж. Во домашното првенство по три кола има само бод, загуби од Академија Пандев и Силекс, а викендов ремизираше дома со Македонија ЃП.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Фудбал

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Read more

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Read more

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе