И на мажите им отчукува биолошкиот часовник

Кога станува збор за плодноста и раѓањето, секогаш се спомнува биолошкиот часовник на жената, но се заборава дека истиот тој часовник отчукува и за мажите. Плодноста на мажите опаѓа со годините, а според нова студија, мажите би требало да размислуваат за замрзнување сперма уште пред да наполнат 35 години.

Причина за тоа е што плодноста е помала кај повозрасните мажи, а со тоа нивните партнерки се изложени на повисоки ризици од компликации во бременоста и во текот на породувањето, како гестациски дијабетес, прееклампсија и предвремено пораѓање.

Бебињата од постари татковци се повеќе подложни на поголеми здравствени ризици, од срцеви проблеми до помала родилна тежина, а се наведува и дека се склони на некои когнитивни нарушувања, како аутизмот.

Во склоп на студијата се анализирани истражувања направени во последните 40 години, за да се дојде до краен заклучок дека годините на таткото влијаат на неговата плодност, бременоста и на здравјето на бебето.

„Иако е широко прифатено тоа дека физиолошките промени кои се случуваат кај жените по 35 година можат да влијаат на зачнувањето, бременоста и здравјето на бебето, повеќето мажи не сфаќаат дека и нивните години имаат слично влијание на тоа. Освен што со годините се намалува плодноста, се случуваат и други промени во спермата. Пример, како што со годините се намалува силата на мускулите, нивната флексибилност и издржливост, така кај мажите спермата губи дел од способностите во текот на животниот циклус“, објаснува Глорија Бакман, директорка на Женскиот Институт за здравје на Универзитетот Рутгерс и авторка на истражувањето.

Како можна причина за тоа се наведува природниот пад на нивото на тестостерон, а се намалува и квалитетот на спермата. Кога кај мажите квалитетот на спермата е лош може да дојде до наследни мутации во ДНК клетките, што значи дека постои поголем ризикот бебето да се роди со некое нарушување. Сето ова не значи дека мажите постари од 35 години не треба да имаат деца, туку да бидат луѓето свесни дека плодноста се намалува и кај мажите, особено ова на ум треба да го имаат паровите кои сакаат да основаат семејство.

реклама

Живот

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Read more

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе