И новиот iPad Pro се витка ама не на добриот начин
Во последните две недели на големо се зборува за новата технологија која овозможува екраните на разни таблети и смартфони да се виткаат, но никаде не слушнавме дека новиот iPad Pro располагал со оваа технологија пред таа да биде претставена од Samsung и неколку кинески компании.
Во новото видео на YouTube каналот JerryRigEverything можете да видите колку е лесно да превиткате еден iPad Pro таблет.
Иако не е зачудувачки што таблетот се витка исклучително лесно, бидејќи неговата намена не е да биде преносен како смартфонот, сепак загрижувачко е нивото на издржливост на овие таблети на Apple. При само мал притисок, екранот може да пукне и таблетот ќе биде сосем неупотреблив.