И Помпео го нападна Иран: Верските лидери се „лицемерни светци“

Државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Мајк Помпео, верските лидери на Иран ги карактеризираше како „лицемерни светци“, кои собираат големo богатство, додека нивниот народ страда.

„Понекогаш ми се чини дека светот не ја чувствува авторитарноста на иранскиот режим во земјата, како и неговите кампањи за насилство ширум светот, но гордиот ирански народ не молчи за многу владини репресии“, изјави Помпео во претседателската библиотека и музејот Роналд Реган.

Тој рече дека ниту САД, под водство на претседателот Доналд Трамп, нема да молчат, па „по повод 40 години од режимот на тиранија“, тој упати порака до народот на Иран, дека САД ги „слуша, поддржува и дека тие се со нив“, пренесуваат светските медиуми, потсетувајќи дека се ближи 40 годишница од иранската исламска револуција и дека САД повторно подготвуваат воведување на економски санкции кон оваа земја.

Помпео ги критикуваше политичките, правните и воените лидери на Иран, обвинувајќи ги за учество во сеопшта корупција, притоа додавајќи дека иранската влада „безмилосно ги нарушува човековите права, достоинство и основните слободи на сопствениот народ“.

Тој рече дека САД започнуваат кампања на дипломатски и финансиски притисок, за да се прекине со финансирањето, со фокус на повторно воведување на санкции кон банкарскиот и енергетскиот сектор во Иран.

Претседателот Доналд Трамп, во мај ги повлече САД од нуклеарниот договор, а првите санкции се очекува да стапат на сила на 4 август.

реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Што се случува во телото ако редовно јадете темно чоколадо?

Read more

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Свет

Зеленски: Едвај се држиме, без помош ќе изгубиме

Read more

Со што Иран го гаѓаше Израел: Снимка од монструозна ракета извлечена од Мртвото Море

Read more

Украинците објавија снимка: Вака изгледа град под руски напад

Read more

Макрон откри: Во случај на терористичка закана, имаме резервни планови за отворање на ЛОИ

Read more
 

Вести

Ванковска: Без директно соочување на противкандидатите мислам дека сите ќе бидеме посрамени

Читај повеќе

Уапсен 26-годишник, се обидел да силува 68-годишна жена

Читај повеќе

Зеленски: Едвај се држиме, без помош ќе изгубиме

Читај повеќе
  • play_arrow

Со што Иран го гаѓаше Израел: Снимка од монструозна ракета извлечена од Мртвото Море

Читај повеќе

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Читај повеќе
  • filter

Промовирана Мојот сон во родната Крива Паланка, на Саем на книга ќе ја продава Топер

Читај повеќе

Меџити на средба со уметниците кај скопскиот Аквадукт

Читај повеќе

Малолетник од Тетово украл возило, бегајќи оштетил друго возило

Читај повеќе

Врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, праша Арсовска

Читај повеќе